Embassy of Belgium in Bulgaria
Home Travel Belgium Visa Belgium ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ОСЛОБОДЕНИ ОД ВИЗА ЗА КРАТОК ПРЕСТОЈ ВО БЕЛГИЈА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ОСЛОБОДЕНИ ОД ВИЗА ЗА КРАТОК ПРЕСТОЈ ВО БЕЛГИЈА

И покрај тоа што нема потреба од виза, при евентуалната гранична контрола ќе треба да ја докажете целта на вашето патување како и доволно финансиски средства за престој.

При влез во Белгија, може да ви биде побарано да покажете еден или повеќе од следниве документи:

  1. резервација за хотелско сместување;
  2. повратен билет;
  3. доказ за поседување доволно финансиски средства за престој во готовина, чекови или кредитни картички коишто важат во Белгија, 
    или пак,
  4. покана (во оригинал) од вашиот домаќин кој ќе ги покрива трошоците за престој

Прифаќањето од страна на домаќин за покривање на трошоците за престој претставува посебен доказ за поседување финансиски средства за престој, во случај кога вие самите нè можете да докажете дека сте платежно способни. Со прифаќање за покривање на трошоците од страна на Белгиец, или странец кој има дозвола за неограничен престој во Белгија, тоа лице станува гарант за време на вашиот престој, за вашето враќање и евентуалните лекарски трошоци. Лицето што гарантира треба да го побара документот за покривање на трошоци (наречен, исто така, анекс 3бис) во општината во местото на живеење. Гарант може да биде и некое друго лице покрај лицето што кани.

Кога потврдата за покривање на трошоците е легализирана во општината, документот, во оригинална форма, треба да биде даден во надлежната амбасада или конзулат во наредните 6 месеци по легализацијата, во прилог со следниве документи:

  • Копија од трите последни докази за плата, или било кој друг документ (издаден од државна институција) кој ја докажува платежната способност на гарантот.
  • Копија од документ за доказ дека гарантот има белгиско државјанство (лична карта) или дека има дозвола за неограничен престој во Белгија (дозвола за престој)

За посета на фамилија, гарантот треба да заработува минимум 800 евра нето месечно + 150 евра по лице, кое е веќе на товар на гарантот и/или + 150 евра за поканетото лице.

За посета на пријатели, гарантот треба да заработува минимум 1000 евра нето месечно + 150 евра по лице кое е на товар на гарантот и/или + 200 евра за поканетото лице.

За влез во Белгија, се бара износ од 38 евра дневно, и по лице, доколку истото планира да биде сместено кај некого, без прифаќање за сносење трошоци (анекс 3бис)

За хотелско сместување се бара износ од 50 евра дневно, и по лице, (екстра трошоците за време на престојот во хотелот, кои не се подразбираат во дневниот износ, треба да бидат пресметани дополнително).

По пристигнувањето во Белгија, вие треба да се пријавите во административната служба при општината во местото на престојот.